Славој Жижек – Living in the End Times

Холандскиот VPRO Tegenlicht пред десетина дена ја постави на увид кризта на западната либерална демократија, Агенда 2010: Живеење во крајните времиња според Славој Жижек. Уредниците го бомбардираат “Елвис на културната теорија“ со тазе слики од современиот свет со кои се допираат четирите главни теми во емисијата: економската криза, екологија, безбедносната криза и Авганистан и кризата на демократијата.

Првин малку за Жижек. Мариборчанин, истиот што ги аплоудираше видеата на ЈуТјуб, дава една препорака како треба да се чита Жижек.

Жижек прво директно на отворен начин развива одредена теоретска линија, со сите нејзини осцилации и слепи улички, и потоа преминува кон кодензација на резултатите до прецизност, своевидни компресирани формули. Во суштина, Жижековите предавања и книги се однесуваат како дискурсот на аналитичарот и анализираниот за време на третман. При предавањата, Жижек се однесува како анализираниот: тој слободно “другарува“ со, импровизира, прескокнува и скока, се обраќа кон публиката, која на тој начин е ставена во одредена улога на колективен аналитичар.

Ќе протрчам низ видео содржината. Познатиот инвеститор Џим Роџерс преку мулти екраните вели дека имаме недостаток на капитализам со што на дело во Западниот Свет имаме државен интервенционизам во форма на замаскиран социјализам, та дури комунизам, значи не во својата прокламирана идеолошка парадигма, туку по механизмите.  Жижек тоа веднаш го отфрла. Токму напротив, по него, проблемот лежи во самиот систем на глобалниот капитализам, а овие ставови ги споредува со оние на фундаменталистите кои секогаш инсистират на изворните принципи, кои сите грешки и искривоколчувања ги врзуваат со застарнувања од првичните замислени појдовни постулати. Интересна е тукашната Блогерај паралела карактеристично застапена од комплементарните антиподи и кои љубат меѓусебно да полемизираат, обично неуспешно – блогот на Мара и блогот Капитализам. Она каде грешат е дека во многу нешта светот не е на истотот место од пред 150 години, но иљачот упорно се бара во држењето до чистиот капитализам, или антиподот, чистиот марксизам, без да се занемарат одредени вистини кои истите ги нудат.

Марк Фабер ни презентира темно сценарио со кое идните неминовни зголемени даноци ќе ја колабираат низ хиперинфлација економијата на САД и глобалната економија. Жижек не ја отфрла можноста за исход од едно такво сценарио, но, повторно, го пренесува фокусот на неговите мисли кон системот кој всушност ги произведува овие противречности. Истото се однесува и во барањето вина кај психолошките слабости на поедници, или воопшто современиот човек. Тоа се дефокусирања кон продуктите на системот, наместо кон системот, и кои се лесни и погрешни странпатици во проблематиката.

Всушност, оваа линија на Жижековиот интелектуален перформанс продолжува во однос на следните понудени прашања за екологијата, енергијата и за безбедносните прашања. Дури, ми се чини, колку поблиску се до него природните сојузници, во смисла на прокламираниот и посакуван комунизам со кој повремено се идентификува, толку тој станува побрутален. Бруталност која цели на разбивање на препознаените од него илузии. Жижек, оди до таму, повикува на целосно отфрлање на приодата. Ако Владимир Вернадски зборуваше за геосфера-биосфера-ноосфера, блиску но сепак далеку, Жижек радикализира со редефинирање во разбирањето на имиџите за геолошките времиња – од палоцен до антропоцен.

И да прејдам на кондензатот, лоциран во последните две видеа. Круцијалното прашање произлегува од препознаената состојба во современото општество на “беспокој од либералната демократија“ како елемент од глобалниот капитализам, тука донесен, со негови зборови, од убавиот наслов на Фројдовото дело „Das Unbehagen in der Kultur.“ Во центарот на либералната демократија од западен происход, Жижек, ги сместува политичките актери на демохристијанската десница и либералните социјалдемократи. Тие се политичките актери, удобно сместени популарни дрматори од актуелниот систем, и тие се генераторите на овој препознаен беспокој.

Кои општествено-политички сили ќе понудат одговор на овој препознаен немир? Жижек, тврди, дека тоа ќе биде крајната популистичка десница, додека, бунтува за отсаството на било каков видлив одговор на екстремната левица. Тој тука ја препознава главната опсаност и жестоко го критикува делувањето на современата левица, која со својата лежерност и неразбирање на подлабоките состојби во општества, всушност, им помага, и дури ги продуцира, овие непосакувани пројавувања на крајната десница.

Иако не ги гледа ниту ги препознава контурите на едно вакво левичарско мас-движење, сепак, Жижек, укажува каде тоа треба да се бара – вон државата и вон пазарните односи, со една препорачана карактеистика за висока социјална дисциплина. Како највидлива за западниот човек, тврди, ја препознава италијанската варијанта на “Гручо Маркс – авторитаризам“ олицетворена во ликот на Силвио Берлускони. За крај, Славој Жижек е категоричен во проспектите на западните општества, или Гручо тоталитаризам ала Берлускони или новиот комунизам, не заборавајќи преку формата на двојна негација да не потсети и да се заблогодари на холандските тв уредници за отстапениот простор за пропаганда.

Е сега малку од сопствениот шмек поглед. Зошто Жижек и зошто со ова? Без разлика што не сум негов голем фан, и веројатно нема да бидам, Жижек прецизно ја фокусира политичката жижа. Тука моите разлики повеќе се во формулациите, претставите. Тие разлики произлегуваат од погледот во вклучување и приоритизација на поинакви влезни елементи, но она што Жижек го нуди како кондензат за состојбата на општествено-политичката сцена цели токму во центарот на метата.

Зачудувачко е поклопувањето со пресликување во домашните состојби. Иако не е возможно занемарувањето на одредени наши специфики, како притисокот и замешателството од надвор за промена на името, геополитичкиото регионално втурнување и обликување на опшетството во формулата Западен Балкан, или внатрешната меѓуетничка поставеност во македонското општество, сепак, доколку се направи занемарување, контурите упатуваат на функционирање по моделот на едно вака формулирано западно општество. Блиско е препознавањето на двата носечки политички блока кои имаат единствено шминкерајски разлики во однос на системските фундаменти од глобалниот капитализам. Мало врдање се приметува кај десницата, и тоа повеќе во реториката, но безмалку непостоечка во делувањето кое би преиспитувало понешто од основите на глобалниот капитализам.

Жижек во својата улога етикета на “рок ѕвезда“ вешто си игра со трендот на се поголемата шупликавост на државата и испразнестост од нејзинате историски функции кои датираат со Договорот од Вестфалија. Но тој не оди во подлабоки анализи за причините, туку се задржува повеќе на појавноста на идниот Гручо Маркс – авторитаризам. Именувањето кое е поблиску до содржината,  до појдовната есенција на овие политички појави,  за мене поблиску може да се формулира преку – еко авторитаризам -, или во друга варијанта – пријателски фашизам. Можеби како “Елвис на културолошката теорија“ му приличи на Жижек анимацијата на публиката со цел да го привлече, задржи, и насочи, нејзиното внимание на допадлив начин за постојано да акцентира со кондензатот од сопствените размисли, немам ништо против, но доблесно е да нотирам дека кај него изостанува причинската анализа. Без неа нема ниту потпорни точки на кои би можеле да се обликуваат контурите на реално возможните излези, па нека се тие и предикатни во својата појдовност. Впрочем неможноста за согледување на контурите, барем низ јавниот настап, тој самиот ја потврдува, со што можеби Жижек сака да ја омекне стикер етикетата на “најопасниот филозоф на Западот“ – малку да шпекулирам :)

И ако се придржуваме до препораките на Жижек, за новото општествено движење кое треба да одговори на системската криза вон државата и вон пазарот, лесно се согледува исклучувањето на постоечкиот невладин сектор кој вообичаено се движи по системската магистрала омеѓена со странски или домашни донации. Оттука, килавоста и беззабието на левичарската идеолошка понуда, на домашен терен таа нема сили ниту политички да се етаблира туку љуби да игра преку невладиниот сектор, која не допира до поширокото граѓанство, можеби, се должи на нивната несоодветна реална применливост во современите општества на спектакли и циркусијади, каде десницата задира во подлабоката страта на идентификација, стравови и надежи. Уште повеќе, во видеото беше посочено, десницата дури превзема дел од левичарскиот вокабулар за свои потреби истиснувајќи ја на просторот на маргиналните културолошки прашања, како геј права или малцинства, додека десницата кај себе ги превзема класните прашања, па дури и екологијата.

Повикот, и потребата, на Жижек за ново радикално левичарско движење сигурно е упатен кон некого. Кому? Директниот одговор би можел да биде: кон неговата публика која предоминантно е интелектуална и академска публика со левичарска ориентација, но индиректниот одговор би можел да се препознае во продуктот од темните облаци кои се наѕираат на хоризонтот. Темните облаци ги нема во временската општествена прогноза, но Жижек не е единствениот кој ги најавува. Нивен продукт ќе биде масата на невработени и маргинализирани, обеспокоени и немирни. Тоа се идните приврзаници, подржувачи или членови на секое масовно движење, па и на екстремната десница.

И да не должам, се надевам дека доволно разбранував за размисла. Меѓудругото, овој запис би можело да биде одговор на тоа зошто на блогов нема да има записи со политичко-општествена тематика поставени во контекст на актуелната пардигма. За автори и мислители од типот на Жижек ќе се најде време и простор :) Но ова би можело да биде и одговор на прашањето зошто пермакултура? и зошто Ризом? Жижек сигурно го има интелектуалниот и материјалниот луксуз за поигрување, но многумина, каде припаѓам и јас, тоа го немаат. Подигнатата градинарска лопатка и организираната нехиерархиска ризом мрежа на самостојни јазли од поединци за мене претсавува потреба.  За сега таа не е ургентна, но онака како го согледувам светот од ова место и од ова време,  сепак ќе биде потреба.



15 Responses to “Славој Жижек – Living in the End Times”

  1.   sbepot Says:

    Подигнатата градинарска лопатка за мене претсавува предизвик… Деновиве лопата користам за мешање малтер…

  2.   Charlotte Says:

    Уау,Диванисов,набиен текст и коментар,тешко го одвоив преводот од коментарот.Убаво и да го нема филозофското салтомортале од вокабулар,повеќемина би го прочитале до крај,посебно она за Берлускони.

    Толку глупости имам прочитано од Жижек,што би го крстила целиот негов опус „Ноќ во операта„.Не ни треба Жижек маалско шизичко филозофски да ни го сервира она што може очи да ни истера дури ако сосила ги затвораме.Во превод:

    Десно=право
    Лево=криво.

    Како ќе се смалуваат ресурсите во иднината така се помалку ќе ни е гајле за левичарски револуции и спасување на светот од пропаст.Сопственото средство за седење сепак е најбитно.Траст мај врд.
    Нов комунизам,можеби, само под друго име,еве да речеме -Пермаризомизам :)

  3.   Бунка Says:

    Нема смајли за thumbs up, јбг.

  4.   Диванисов Says:

    Ајде Ѕверот, кога ќе ја извадиш градинарската лопатка тогаш ќе ги вкрстиме :) .. поздрав!

    Шарлот, она со вокабуларот .. знам .. но да пробам вака да објаснам, ако Жижек како интелектуалец пар екселанс, со сите замерки, (не)допаѓања и уткини, на некој начин го спушта вокабулорат, јас спротивно од него, го подигам “непотребно“ вокабуларот .. се надевам дека е доволно разиграно и интересно за “подигнатите“ :) ..

    .. во суштина, ако избегаме од она лево-десно, а тоа на моменти може да се примети и кај самиот Жижек – иако тој многу сака да го игра баучот комунизам, тогаш многу лесно излегуваат на површина вистинските проблеми со кои ќе треба да се соочиме .. интересното е што ниту решенијата, или она ублажување и колку толку софт лендинг, воопшто не е врзано со тоа .. така да, малку сум претпазлив кога си играм со таа перцепција, во смисла да не долевам масло на огинот .. сега, секој со своето :)

  5.   БЛОГЕРАЈ — Blog — Славој Жижек – Living in the End Times Says:

    [...] Ризом [...]

  6.   нашпознатблогер Says:

    Супер пост! Драгане. Хм, еве пак ја пред неколку дена читав едно интервју на У. Еко кое е насловено како „Крајот на историјата“ и во суштина зборува за крајот на историјата а не времето. Зборува за смртта како суштествена максима на се што се случува и на се што ќе се случува. Зборува исто така за New Age мувмент како парадигма на 68 – машите и нивниот идеолошки крај. Зборува дека баш атеистите како С. Жижек го заговараат тој Апокалиптичен „крај на светот“ и почнување на нов… и што е многу интерсно, Еко оди дотаму што вели дека нема потреба од тумачење туку има потреба дека идеологијата (било која) е веќе истрошен поим, луѓето нема да се држат за неа (заврши 89-та и падот на Берлинскиот sид) туку ќе се вратат кон окултното, магиското… И на крај поентира: Па кој знае колку е космосот стар, кој знае колку sвезди умираат секојдневно…

    Сака да каже дека се што се прави на оваа планета, во суштина се прави затоа што се нема сеуште можност да се опсервира другата – галактичката… косомолошката итн.

    Како и да е, супер пост! Ќе ги гледам клипчињата.

  7.   prezviterkozma Says:

    ме интересира пропулзивноста на масите поддржувачи апропо упатениот повик: дали сите ќе го препознаат своето вистинско место, или анженерал ќе се претопуваат масите од веќе постоечките идеолошки струи во новите?
    веројатно ќе има маргинализирани и од лево и од десно, незадоволни и од таму и од ваму… како да се избере страна? на индивидуално ниво, она што ти го предлагаш се чини ок, ама масите функционираат стихијно, таква структура не е веројатно наеднаш да доживее богојавление…
    ми се чини тешко ќе се излезе од тој круг зашто во кризни времиња тенденциите водат кон консолидирање на редовите, не барање отчет… видете што се случува со опозицијата по враќањето на старо-новиот лидер…
    и што ќе го спречи некого да си води свои лични крстоносни војни, во однос на целта која ќе се испречи?
    ми се чини дека премногу непознати и неизвесности постојат за да дозволи големиот капитал да излезе ова од контрола… мора да има одредени калкулации и манипулации во ова… дали е целта само акумулација на капиталот, политичка моќ, нов поредок? нели постои сето ова? ресурсите ли се проблем? ако е така, што и да се направи е однапред загубена битка…
    можеби ова е неповрзано, ама ми се појавија прашањава (веројатно одговорот е и содржан во нив, ама… )…
    поздрав… :)

  8.   Диванисов Says:

    Фала Бунка, ме фати малку во расчекор со коментарот .. поздрав брат!

    Нашпознатблогер, хехе .. онака од прва, држи вода размислата на Еко дека заради идеолошка избеност, истрошеност на идеолошките слики и имиџи, се повеќе улога ќе има магиското – прво е подлабоко, и плус долго беше потиснувано .. една исправка – Жижек не ја турка апокалиптичноста, спротивно, вели дека тензиите постепено ќе растат и ќе се развиваат .. фасцинациите со крајни слики и моменти, до екстрем со апокалиптичните сценарија, се погодни за работа со слики и претстави, еден вид покренувачи на луѓето и општеството, но не и за анализа .. широка тема, да не упаѓам па да се изгубиме друже :) .. поздрав и да се видиме ..

  9.   ХулаХопа Says:

    Диванисов, во ред, постидеолошки се согласуваме= не постои идеологија на чиста лева или десна доктрина, гледај во .мк= последно е тоа што го злоупотребува ВМРО, со пишаниот документ дистрибуиран низ .мк= но ако говориме за левицата, тоа што се случува во .мк, како левица, всушност не е левица, и ќе се согласам исто, тешко е да се мобилизира било која левичарска идеја освен герилски отпор дека они се тепани, злоставувани, никој не им дава да протестираат или прават проекти за или всушност да можат да лаат околу некоја/било која идеја (Александар, јарболи, фашисти, што ти не), но на крајот од ова кратко, и ти ветувам нема да те оставам овака, само со овој коментар, ќе допишам уште нешто, е= СДСм не е левица!, тоа е крајна брутална десничарска, радикална структура со својата јанемиљовски доктрина, гледана низ призма на приватизацијата, и истите фашистички доктрини во спин форма низ се нудат денес како колумнисти (Ордановски, Фрчковски, Арсовски, кој све не, Ѓунер), фашисти пар екселанс во спин форма, да тука негде на таа маргина на осет се и Трајановски и Гелевски, опинион мејкери и познавачи, нели, но све е тоа една спин интелектуална фашистичка багра, би напишал= во .мкд се случува драматичен интелектуален прелом, не е транзиција, прелом= Титаник=Црвенковски баграта тоне, крај на 20 век, оди на дното, но кој доаѓа?, мене ме интересира .мк= а едно е јасно= сите ќе изгубиме пред да имаме чиста платформирана површпина, бришан простор, затоа пишувам= треба да се стимулираат ВМРО=СДС.м да се испоубијат на чисто, за да остане…

    но, ќе пишувам, ветувам- како и да е, Жижек бил и ќе остане за мене една забавна будала, тоа е оној кој што е цитиран од ликови како Нано Ружин=

  10.   Диванисов Says:

    ПрезвитерКозма, не мислам дека е упатен било каков повик до масите, барем во директна смисла, индиректното би значело дека повикот е упатен кон делување на мисловниот процес на идните политички агитатори или восприемачи ..

    и да се надоврзам со коментарот на ХулаХопа .. и да прокоментирам ..

    .. Жижек говори за систем, глобален капиталистички систем, ако ја свлечеме идеолошката корупка ќе остане систем анализата .. тука да се префрлам на Имануел Валернштајн кој е социолог, аналитичар на глобалниот систем .. еве што вели тој:

    Systems collapse not primarily because of rebellion from below but because of the weaknesses of the dominant classes and the impossibility of their maintaining their level of gain and privilege. It is only when the existing system is weakened in terms of its own logic that the push from below can possibly be effective.

    .. значи ова е без идеологија .. одам пак со Валернштајн за да објаснам некои работи што мислам дека се битни за да се разбереме .. еве што вели тој за старите начини во политиката, за стратегијата:

    The world’s left in its multiple forms – Communist parties, social-democratic parties, national liberation movements – had argued for at least a hundred years (circa 1870-1970) that the only feasible strategy involved two key elements – creating a centralized organizational structure, and making the prime objective that of arriving at state power in one way or another. The movements promised that, once in state power, they could then change the world.

    This strategy seemed to be very successful, in the sense that, by the 1960s, one or another of these three kinds of movements had managed to arrive at state power in most countries of the world. However, they manifestly had not been able to transform the world. This is what the world revolution of 1968 was about – the failure of the Old Left to transform the world. It led to 30 years of debate and experimentation about alternatives to the state-oriented strategy that seemed now to have been a failure.

    .. поинаква стратегија, подруг начин, еве што тој предлага, една негова статија http://0.mk/8c58

    .. не дека ова е некаков нов манифест, или нова стратегија, дека тоа е она правото, но ете ми дојде згодно за да го употребам .. и да се навратам на Жижек .. пред некое време на еден форум налетав отприлика на вакво нешто – најдобрата политичка емисија што може да се види денес на тв е Комеди Централ .. и ако Жижек е забавна будала, не значи дека нема вистина во тоа што го кажува :) ..

    .. на домашен терен .. намерно пресликувам грубо и без особени именувања, не сакам да цртам во детали, на ситно .. но ако треба да се каже директно, еве го, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ вклучително со сите помали политички сателити во облик на партии или диригирани невладини претставуваат центар, во смисла центар преку кој системот политички се профилира, работи и функционира .. посочувањето со прст на оваа партија или онаа партија, оваа личност или онаа конкретна личност, автоматски алудира дека критичарот, или оној што посочува, има сопствен интерес на оваа или онаа страна, генерално така се разбира .. тоа покажува дека уште вози старата стратегија и начин на разбирање на работите за кои говореше Валернштајн – да се докопаме до политичка моќ или власт па од таму ќе ги спроведуваме нашите идеи, замисли и подобро утре за светот .. инаку нели зошто некој би делувал, агитирал или пишувал, освен ако не е загубена будалетинка која си го аби времето хобистички и следсвено од тоа – никој не те разбира сериозно .. значи, ја објаснувам старата логика на нештата која не функционира .. затоа, и досега беше така, нема да ме видите во диретни написи за политичката ситуација кај нас, освен ако не се низ оваа другата призма, мојот поглед на нештата ..

    .. малку околу системот .. не се работи за револуција и идеологија со класичното поимање со која некој ќе го руши и подрива системот .. беше посочено, системот ќе се трансформира, ако сакате обруши од својата тежина, заради внатрешните противречности и сопствената внатрешна логика, не заради тоа што ќе се соберат 10, 50, или 500 луѓе, па тие ќе го срушат .. ресурсите, еколошката состојба, географијата, климата, популација, се надворешните околности кои ќе ја обликуваат рамката, ќе ги дефинираат границите, а тие се во тренд на стеснување .. така погледнато, од интерес ми се овие нови начини на организација, може да ги сведеме и дека треба да се преживее, живее и просперира, јас – моето семејство – блиските – мојот народ – земјата ..

    малку раширив, ај здраво!

  11.   ХулаХопа Says:

    за презвитер= комплетниот капитал во .мк ќе мора да биде ставен на пресипитување, не како лустрација која го оЦрнила лицето на структурите, туку капиталот кој е поделен до ниво на поединачна педа= нема една педа која не е во нечии раце, поделбата е за наредните сто години, освен ако… но, еве, го прашувам ѕверот или партик кој никако да се јави во овие дебати= професори драги, кажете што добивте или изгубивте во вид на капитал од ебаната приватизација, што е тоа капитализам за вас, и дали би прифатиле на ниво на приватно школство, значи комплетно приватизирање на школувањето да делувате за да имате достоинство како учители?

    едно кратко парче за тое што ме читаат= my eyes are shut, my eyes are not wide, but to be shut, must not be for eyes, it must be that the wide is sth. beyond the eyes?

    но.. џаман ти должам, текст, кој ќе го добиеш= ќе го играме си Жижици се доека не ни се стемни.. ова е шега==
    :)

  12.   ХулаХопа Says:

    но, да напишам малку за насилството, ова беше една од темите на Жиќек или пишува за Паралаксата, една од така интересните книги кои треба да се појават= популарна филозофија што сум ја читал, но ок, Џаман, викаш вистинито=

    за насилството, може да биде веројатно како клише форма субјективно (криминал, што е криминал?, фашистичка реторика е криминал) и објективно (говор на омраза, овие од горе фашистите, расизам, нешто што експлицитно се чувствува) или системско(во системот во кој сме, сите ние)- така субјективниот е релативен, не знаеш што е криминал, а што не е, но, објективниот е тоа што го кажуваш, иако Лао Це, ќе рече, ако не ни е добар јазикот, и ако не се разбираме треба да го подобриме, на што моето себе би рекло, не секогаш тоа што се говори е вистина, најчесто тоа е скриено, но ако одам со Витгенштајн, тој вели дека нема филозофски прашања, туку дека луѓето не можат да се рзберат, како на пример, јазикот е симболична претстава за тоа ѓшто го мислиме, па тоа што го мислиш ти, или јас, со мојот/твој јзик, кај мене не претставува исто нешто, така што, јазикот е клуч, но системското насилство е најтешко да се разбие, тоа е како нешто што е таму, но, ок, системот го водат луѓе, тоа не е некој дворец во кој има судење, како Процес на Кафка на пример, за системското насилство е потребна борба, на ниво на поврзување во мрежа, особено мозочни врски, од Матрикс трилогијата, тој филм ја даде најуниверзалната идеја за развој на човештвото, the brain networking- но, еве систмеско насилство, како ти, така и Јас сме производ на системската реалност, реалноста која ја произведува системот во кој сме, како што и твојата реалност е дополнителна реалност во која си, како што е и мојата, но исто има уште реалности, како на пример нашите дружби, но се се тоа типови на реалности кои произлегуваат од големата слика на системското насилство во форма на системот, па кога викаш дека си забарикадиран во ризом, всушност одбиваш да признаеш дека не си идеален систем, туку, имплицира, системот ти влијае, сакал или нејќел, према тоа, за што овде пишувам? кој е тој систем, па зар ти не напиша кој го претставува системот? инаку, кога зборуваме за Влада, или за власт, ние не зборуваме за таму некој, Владата е составена од луѓе, исто како што Владата на соседните земји е составена од луѓе, према тоа, Владите ги водат луѓе како мене или тебе, но.. системското насилство, и ова е кантовско, доаѓа како екцес од законот кој е следствено на тоа диктатура, но законите ги носат парламентарците, но тоа не е некој таму, тоа се луѓе.. така што, кога говориме за систем, точно се согласувам да допишам во иста смисла тоа се тие луѓе кои веќе ги опишавме, директно/индиректно.

    ..

    одиме натаму= ако глупавите и бесмислени работи ќе почнат да се тераат овде-онде по блог и те-ве користејќи разноразни зборови, тоа значи дека работата влегла у мода, па мода е да се каже на пример= се што е остаток од хаосот со дис-курот на Грчко-Македонските односи е главно недопрено од правни акти или не сакаме да ламентираме со право и со меѓународни акти и оставаме на стихијата да си одработи, му оставаме на системот, а кој е системот прашувам повторно, тие говната, фашистите, тие се системот, а јас по себе и ти по себе само сме дел од таа реалност на тој систем кој ни е наметнат, а внимание= особено што нема јавен консензус?!, (тоа е нивната работа, да го прикажат тоа,) према тоа треба да се покаже дека напротив има консензус!, а се е тоа поради хистеријата на овие фашисти кои не тормозат секој ебан ден= но, консензус има, повторно кажувам, само прашање е кој чита што пишуваат од ПЕН, кој чита што пишуваат клучни дипломати, познавачи на меѓународно право кои биле во кабинети на .мк претседатели, кој слуша што е здрав разум? да не се замарате, не го парафразирам Претседателот.

    а ова е за Букарски кој стана пичкица од коа пишува во Дневник= значи пиче на ниво на дунде! КУКАВИЦА! прибран, нели, “ќе употребам ракавици” и да тоа го викав еве ти се обраќам на тебе Џам.. знаеш за што говорам, но бидејќи дискреција е битна овде само ќе го кажам тоа со што се согласувамe, но не е оригинално кажано мое, ниту твое= а тоа е “од кога отиде да пишува за Дневник, стана обично пискарало, знае за литература у се друго е тапа=” Каде е Букар вигорот, каде е страста за која толку полагаше и од која стана, тоа што е, сега ТАПА!= у десет текста има еден ок, онака просек= еве ти го мојот комент=
    од ХулаХопа за тебе, будало== текстот потекнува од страста, дава нова страст- но, внимателно, страста има темна страна, за која ќе разговараме другпат- од не внимание би можел да се претвориш во машина за исполнување на желби- еден од двигателите на смртта, која не мора да биде физичка- кога сме кај тоа, сметам, не мислам!, туку сметам= веќе треба да ја прифатиш улогата, и отворено да се конфронтираш со Фрчковски, не брутално, туку де-камуфлирачки, зад него стојат 20 говеда кои треба да се потопат на дното од нашите свесни мисли, а како што ќе рече Зонтаг, колективната меморија е етички чин, тоа ќе биде наша колективна меморија, да ги закопаме додека не не екстерминирале, додека гледаме што прават, јавно и фашистички, бубашваби инсекти- како антипод на се што тој претставува= беден интелект, аморал, лицемерие, брутално газење по трупови кој ги конструира, постоења во неговата глава, дистанца од неговите дела, неговата не-благодарна улога, шпион кој работи за служби на непознати земји, слаб учен, далеку од научник, признат од медиокритетите во .мк

    понатаму= излез од една состојба, влез во состојба која има противречни тенденции, излез- влез- видливо/невидливо= еве барам сила, тука се прекршуваме, ќе видиме, дај со ова стереотиповиве, да се ограничиме на новите лудила, транс-хуманизам, векот на трансцеденталното насилство, сировиот либерално-фундаментално груб капитализам и младоста, раслојувањето, или подобро да го разделиме постидеолошкото со класното, писателовото лудило, новата литература или производство на текстови е производ на чист експериментален додаток од потиснатата свест, а арт тероризмот ќе ги скрши главите на присутните пишувачи во листовите- на мора да сме/сте писатели, но може/мора да пишуваме=

  13.   prezviterkozma Says:

    хулахопа, во право си за капиталот и за приватизацијата… :)
    мене ми беше поентата, во нешто друго, во онаа сива недефинирана маса мимикрии, која се налага како сива еминенција, онаа лукративна и опортунистичка маса која секаде го препознава и го наоѓа својот интерес: оние кои шетаат подземно, ненајавено, излегуваат од секоја дупка, од секоја пора, се појавуваат одникаде како нови, а сепак со искуство, како предодредени, по некоја заслуга, која ни самите не ја знаат и разбираат, а единствена цел им е да држат простор, позиција, да подражаваат систем или стихија, ситни чиновници кои определуваат крупни судбини, шетачи од една во друга партија, искусни во водење политика и неправење, непреземање ништо, пополнувачи на вакуум, бељаџии кои единствено знаат да спасат своја кожа, така што ќе обесат нечија туѓа- ТИЕ, се оние кои го спреваруваат секој план, тие се оние кои подаваат анекси, кукавичини јајца, тројански подароци, ТИЕ се оние кои знаат кога треба да гледаат, кога да слушаат и кога да говорат, ТИЕ се оние кои секоја една идеја знаат да ја претворат во пихтија, во балгам и секрет, да ја продадат и да ја купат од капиталот…. ТИЕ се меѓу нас, во нас… и против нив треба да се бориме: во НАС, до смрт….
    поздрав… :)

  14.   Диванисов Says:

    нема дерман, но ако друже ХулаХопа, тука сум .. а јас онака сакав помирно, покроце да ми биде .. ме потсети и ми предочи низ коментарот на емоцијата, на страста, во пишаното, во животите, колку добро се разбираме преку емоцијата, колку малку преку зборовите ..

    .. ок е муабетот, но имам некое мое гледиште, приод, разбирање на работите, да не употребувам зборови како разлика, проблем и сл. .. да, има криминал, тука е, ене го, можам да посочам на примери, може да дискутираме, може и да се организираме да сториме нешто во врска со тоа, да се бориме .. да провејуваат фашистички елементи лево-десно, да во Владата седат луѓе со име и презиме, да системот влијае и не сум надвор од него, па и кога би сакал не би била можна потполна изолција, јбг ќе заврне кисел дожд ако ништо друго .. и да што вели ПрезвитерКозма, има мимикрии, има ситнопресметливост, а има и порција ќебапи и кило жолта кои менуваат многу во перцепциите .. но не сум забарикадиран и немам таква намера, каналите за комуникација и преку блогот и на други нивоа се отворени, едноставно правам приоритети, вршам селекција .. морам доколку иоле сакам да бидам одговорен барем пред себе ..

    .. за системот и моето гледиште од каде произлегуваат и приоритетите.. глобален систем, ова овде е географска подружница, европска испо-д-става .. да употребам аналогија за да биде пошироко разбрано моето гледиште, можеби е најдобро низ приказна ..

    .. се наоѓаме на Титаник кој наскоро ќе потоне, ова наскоро нека биде во временска рамка од горе-долу деценија две .. погледот ми е ептен думерски, но никако не значи дека е апокалиптичен .. и не вреди да го образлжувам, во смисла преку анализа и рациото да се дојде до некоја си поширока согласност, да цртам графици или да вадам логика, тој начин нема и нема да има поширок прием и немам намера да инсистирам ..

    .. одам со приказната, значи се наоѓаме на Титаник кој ќе потоне и ако одиш од човек до човек, им велиш дека ќе потоне, им ја црташ патеката на бродот, ја вкалкулируваш брзината на системскиот брод, го броиш купот и големината од леденици испречени пред овој курс, некои помали некои поголеми, правиш калкулации и проверуваш негде случајно да не си утнал, вапиш за тоа да не си во право и ќе се радуваш ако испаднеш будала заради своите погрешни и наивни калкулации, но попусто, никако да излезат поинакви резултати .. ситуацијата е ургентна, мора нешто да се стори, имаш жена деца, роднини и пријатели, цела твоја нација е на бродот, човештвото .. прво одиш со податоците и графиците наоколу, блиску до тебе, кај тие што ги познаваш, можеби отвараш блог за да допреш до повеќе луѓе, да го испипаш пулсот, да си го провериш здравиот разум .. и? .. и ништо ..

    .. потоа се одлучуваш да одиш кај капетанот да му го кажеш истото, човек ко сите ние, може малку криминален и надуен тип, некои викаат дека бил фашизоиден тип .. некако се снаоѓаш да те прими преку врски .. и? .. и ништо .. тилташ и кај заменикот капетан, тилташ и кај авторитетните и интелектуалните патници од високата класа за кои мислиш дека може повеќе да разберат .. понекој ќе те ислуша, ќе те потапка по рамо, некои ќе се загреат, ќе им бидеш интересен, но сите продолжуваат со своите секојдневни активности, продолжуваш и ти, знаете, оние мали и големи човечки драми, стремежи и тешкотии од кои се состои животот .. но не можеш да игнорираш, уште еднаш проверуваш да не си луд – не си, правиш сопствен двоглед и погледнуваш, се налеваш со кило ж`та и така погледнуваш, како и да погледнеш ледниците на курсот на бродот повторно се пред нас ..

    .. кои се опциите? .. да, има неколкумина кои многу блиску или слично ја согледуваат состојбата, ги има во горните палуби, ги има и во долните .. да се превземе насила кормилото на бродот и да се направи нагло и радикално свртување – но малкумина сме, па дури и ако е успешна акцијата, мнозинствот од високата класа веднаш ќе те соборат .. тие се против, можеби затоа што им се истурило вискито додека играле карти или монопол на некоја од масите за забава или просто затоа што не сакаат непозната фаца за капетан .. и не се само тие против, туку и мнозинството од оние долу и всреде, ќе им попаѓаат најновите гаџети со кои си играат, на поетите ќе им се растурат песните кои ги подредувале за најновата збирка поезија, на работниците ќе им ги растуриш алатите, насекаде ќе има модрици и џумки од наглото свртување .. никој тоа не го сака, најдоброто што ти го нудат се мали корекции во курсот колку да ја задржиме илузијата на демократичност ..

    .. кога мнозинството не сака можеби е добро со мала група приврзаници да се прегледаат затките во потпалубите и машинските одделенија, да се стегне понекое штрафче, да се врзе некое отпетлано јаже .. одлично, се прави список на ситен инвентар и работи каде треба да се интервенира во системот, пардон, бродот, кога ете го другарчето избезумено трча и јавува дека приметило уште пар леденици на курсот .. брзо на таблата за калкулации топтан со сите можни корекции што можеле да ни истекнат, но тоа е уште една од низата калкулација каде резултатот е надеж со знакот минус пред неа ..

    .. единствено паметна опција која ти паѓа на ум, не значи дека не постои друга, е да почнеме да градиме чамци за спасување со оние кои ја разбираат состојбата, кои се вољни, или пак, има и такви кои им е досадно и сакаат нешто авантуристичко .. значи без разлика на мотивите, да се посветиме на тој приоритет, да учиме во процесот еден од друг .. да почнеме на саат два, ден два, недела две, месец месец и половина, година две, да пловиме самостојно и во група покрај големиот брод систем .. моето чамче кое го избрав, и ми се допадна, се вика пермакултура .. удрив по некое клинче, исправив по некоја летва, имам одредени нацрти и идеи .. во поголемата идеа секој не плови самостојно и сам за себе, туку со материјалите и знаењето што се при рака да се почне со процесот на хоризонтално сплавно поврзување .. верикалниот хиерархиски систем од големиот брод полека да се замени и демонтира со што ќе се постигне жилавост и отпорност на заедницата од кајчиња пред купот ледници што пловат во морето, тоа е ризомот, и тука не се потребни левата или десната идеолошка шапка, туку идеата и процесот на преоѓање на нужно новите начини на пловидба се идеологија сама за себе, тоа е доволно ..

    .. не планирав да се распишам, но мислам дека е потребно да објаснам каде целам, за взаемно разбирање .. може ќе ја средам оваа прикаска деновиве па да иде во запис .. и повторно Жижек, тој можеби е интелектуален шут, академска будал за забава, небитно, но точно ги посочи елементите од овој, посакуван од мене, трансформирачки процес на системска организација – вон државата и вон пазарот .. и уште нешто, она што спомена ПрезвитерКозма нешто во смисла за капиталот и големите дали ќе дозволат и што планират .. понекои од нив се свесни и запознаени со оваа состојба, понекои се дури подржувачи на ваквите идеи, но грото се навлечени на луксузот, моќта и баханалиите својствени за високата класа за да бидат реметени .. на крајот на краиштата тие се на највисоката палуба и шансите за спас им се поголеми, имаат време и ресурси да видат што ќе се случува, а има и такви кои веќе имаат направено луксузни сплавови, изолирани острови, подземни бункери и такви слични работи, со сурфање лесно се проверува ..

  15.   ХулаХопа Says:

    нема да одиме со приказни= те молам, прибери се.. :)

    бродот е на пола во вода, инаку тоа е добра парадигма, особено со големи системи, кормилото, не може да се врти, особено кај бродови, бидејќи тие одат само напред и назад, нема тркало, така!, ако сакаш да свртиш, ќе одиш, напред, па назад, па напред, назад, едно триста пати, додека го свртиш курот, таа, значи само по прави линии. но, не пишувам за тој брод, бродот на системот, пишувам за бродот кој тоне, тоа е интелектуалната транзиција на спомнатите, Црвениот брод, во кој има многу ВМРО-овци, има будали и има багра, новинарска и се каква, еНЏиО, и никако, не пишувам за дваесет години, ниту за рушење, ако одиме со Жижек терминологија на капиталистичката либерална демократија каква што е пред наши очи, бродот тоне, но, не уверувам дека јас, особено ти си на него.. таму е интелектуалниот прекршен вид, кој што тоне, ламентира, игра зихерашки, полтронски, да не одиме со имиња, особено што веќе се напишани, така што правецот на одреден друг брод, воопшто не е ни поставен, ти кажувам= тоне бродот на транзиционата интелектуална багра= фашистите= пророците, замисли, не сум знаел, тоа Спасов ме просветли, во ДЕМОС биле 70 посто од колумнистите кои пишувале во дневните весници= УАУ!!! дали е свесен човекот што кажа, кого потопи, кого повлече со себе, имено, не е тајна, дека иако пишуваат и се гледани, како што сака, да си ги лиже брковите Чомовски, никој, ама баш никој ниту им верува, ниту има доверба во нив, па прашање е на кого му емитираат програма? тоа е клучно, така што, за еден ДЕМОС во кој биле 70% од пишувачите= према тоа, се иде на толпа, на бројки, на големинаа, на наши, они се од наша страна, експертите, тука би напишал нешто и за СОРОС= треба со се забрани неговото делување од разни причини, тоа што беше кажувано на те-ве= кај мене не поминува= значи повторно СОРОС, како фондација во .мк треба да биде затворена, со блокирана сметка и да и се рече бај бај бејби= но, дали има муда Груевски, прашање е?

Напишете коментар