I Scream, You Screаm, We All Scream for Ice Cream

јуни 13th, 2011 Tagged , , , , , ,

Да започнам со сцена од филмот “Down by Law” од Jim Jarmusch каде тројцата јунаци протестираат од затворската ќелија.

Луцидниот Сеад Џигал не почести со ислкучително интересен запис. Чуму протести? Првата причина поради која ми се допадна текстот е што Џигал говори за систем. Тоа е мое лично поле на интерес :) И втората причина е што текстот има еден клучен пасус кој ја погодува суштината на проблемот, не само во либерално граѓанскиот модел на државно управување. Коректната анализа и начинот на кој е пренесена пораката за причините и потребата за протестирање во систем базиран на граѓанинот е дополнителен плус.

Овие протести го разобличија тоа и стана јасно дека на Македонија повеќе од каква било промена на власт и треба промена на моделот на практикување на власта. Процесот на напуштање на партискиот монопол врз демократијата (подржан од корумпирани медиуми, инструментализирани НВОа, платени институти и интелектуалци, псевдо-експерти и др.) е неодложен. Се разбира, таа промена и давање „столче“ за граѓанинот во одлучувањето КАКО а не КОЈ владее нема да биде лесно, но тоа е право кое ни припаѓа и од кое граѓанинот не смее да се откаже. Постоечката партиска демократија нужно е да се придвижи кон вистинска граѓанска демократија, тоа им го должиме на поколенијата кои доаѓаат и за кои немаме оправдание ако за таа работа сме потрошиле 30 години од независноста.

За да се променат нештата треба да се промени како тие работат. Начинот претходи и го дефинира моделот. Со системски речник, за делотворен и функционален систем најпрво се менуваат функциите на елементите, а потоа се отстрануваат одредени непотребни елементи, или се воведуваат нови во зависност од системските потреби. Оваа здраворазумска водилка осекогаш сум ја застапувал низ годините на блогирање, сум ја туркал како непоходна мирудија во сите јавно понудени светогледи, и сум се борел за едно такво поаѓалиште во разбирањето. Симболично, со театарска терминологија, за да се промени нешто во претставата наречена живот, каде сите ние истовремено сме актери и публика, не секојпат со подеднакво стартно доделени билети и улоги, се менува пред се сценариото. Сценариото е тоа според кое се распределуваат улогите. Фокусот не е на замената на актерите, ниту е тоа сценографијата, ниту костумите. Сето тоа е второстепено. Тие може да се променат,  но не мора. Режисерот во претставата наречена живот се универзалните природни закони, или преносно, режесер е самиот Господ Бог.

Јас врескам, Ти врескаш, Ние сите врескаме за сладолед – мора да признаеме дека воопшто не звучи како треба. Иако преводот од англиски на македонски е технички коректен, негде попат се изгуби суштината и смислата на ова врескање.

These protests emphasized that Macedonia needs, more than any change of government, a change of the ruling model practiced by the elected political parties. The process of abandoning of the parties’ monopoly on democracy (supported by the corrupted media, party affiliated NGOs, paid institutes and intellectuals, pseudo-experts and others) is inevitable. Of course, this change and giving “a chair” to citizens in deciding HOW and not only WHO is governing is not going to be easy as it requires the powerful to concede parts of their power, but it is a right which belongs to citizens and is a right they can’t give up. Moving from the existing Party Democracy to Citizen Democracy is essential move towards real democracy. This generation owes it to generations who come after us and for sure there will be no excuse if we spend 30 years of independence to secure this right.

Немам ништо против преведувачката слобода за што поверно да се пренесе смислата на текстот и неговата суштина, но во овој случај имам замерки. Инструментализирани НВОа ≠ party affiliated NGOs. Промена на моделот на практикување на власта ≠ change of the ruling model practiced by the elected political parties. Или обидете се да ја пронајдете оваа реченица од англискиот текст во македонскиот: No NGOs, no courts, no other institution was able to resist their plans and pursuing of their selfish interests.

На макдеонски е оставен простор инструментализаторот на НВОата и/или да бидат политичките партии. На англиски воопштениот “модел на практикување на власта“ директно преоѓа во модел практикуван од избраните политички партии. Преводителската слобода го покажува сиот раскош во онаа непостоечка додадена реченица која таксативно акцентира кој се не може да избега од партиските планови и нивните себични интереси. Да бидам јасен, неспорно е дека во политичкиот домен во центарот го имаме овој двоглав партиски модел на практикување на власта. Но дури овој модел со воведување на етно рамнината комотно може да го прошириме до 2+2 политички модел на практикување на власта. Системскиот модел може да го прошириме до општествено-политички, каде по природа на нештата може да ги сместиме НВОата како системски елемент со своја општествено-политичка функција. Та дури може системски и географски да рашириме до европски модел, светски општествен модел, затоа што Македонија не е изолиран остров и има свое взаемодејство и одредена системска поставеност во овие модели. Сумарно, македонското чуму се обраќаше кон конкретна тема и беше коректно во исказот со оставање простор за надградба понатамошни моделирања, додека англиското why преакцентираше, та дури додаваше,  до нарушување на изворните коректни ставови во однос на системското моделирање.

It`s Not The Fall

That Kills You

IT`s the Sudden Stop

Life is Limbo dance

but

It`s question where You get down

not

How low You can get

Ќе забележите дека ова е цепидлачење, непотребно завлекување во детали наспроти моментумот на упатената мобилизирачка порака и ургентноста на протестната акција. Сепак, да не заборавиме, ако сакаме да ги промените нештата треба да се промени како тие функционираат. Да се позанимавам малку со НВОата.

Во народот е добро познато која рака е одозгора, раката што прима или раката што дава? Можноста за инструментализација е кај раката што дава. Почетокот на делување на македонските НВОа е безмалку пар години по нејзината независност, рани деведесети. Тие воглавно се финансирани од надвор. Вообичаено се финансирани од страна на странски фондации, институти, организации и влади. Во последните неколку години се појавија НВОа ала Коце и ала Стефчо кои пренесуваат зад`ткани ставови на националните медиуми од пред селската чешма. Тие точно се препознаени како партиски инструменти за изнесување ставови и делување по општествени прашања каде политичката партија директно не може да делува заради јавната перцепција и заради глумата на функционален граѓански општвестен модел.  Но во однос на етаблираните во јавноста НВОа овие Стефчо-Коце НВОа се вистински џуџиња. Во однос на финансиите, по број на вработени, или минутажата и влијанието во јавните гласила, и по ред други параметри,  Стефчо и Коце се права смешка. И да повторам, раката што дава ги поседува инструментите.

Ако во економијата постојат монополи, олигополи, ако во политиката имаме двоглав еднопартсики систем на практикување на власта, или поточно 2+2 партиски ситем, дали во сферата на НВОата може да говориме за монопол или олигопол? Зарем не е претставува ФИООМ заедно со своите содружни по интерес и пратечки по финансии донатори своевиден невладин монопол каде е сконцентрирана моќта за општествено организационо делување. Немам точни и адекватни податоци за да се поткрепи оваа теза-прашање, но одговорот што лебди во воздухот наполно укажува на тоа. Невладините на Сорос преку изразитата финансиска издашност изразена во цифри е монопол во сферата на НВОата, и со тоа монопол во граѓанските организации и организираност по сиасет општествено-политички прашања.

Господинот Сорос по низа прашања и ставови е контроверзна личност.  Транспарентност, отвореност за дебата, кога се во прашање финасиите и од тука изведените вистински намери во општествениот живот, ретко, до постојаното никогаш, се на дневен ред или на јавен дебатен тапет за членовите на овие организации или пак на самите организации финансирани од Сорос. Инаку околу ова прашање можам со 101 пример да покажам и да го одбранам ставот дека поведението и делата на Г-дин Сорос во финансиската сфера се во дијаметрална спротивставеност со јавно декларираните негови заложби за демократија, контра тоталитаризмот и отвореност на општеството.  Хоризонтала наспроти вертикала, ракажувајте ми за тоа. Во оваа прилика еден мал цитат од устата на Сорос, каде наизменично дефилираат зборовите  - ред – контрола – архитектура – правила – ред – реконституција – систем, ма како да слушате зборови од устата на запален застапник на груевизмот :)

A new Bretton Woods conference, like the one that established the international financial architecture after World War II, is needed to establish new international rules, including treatment of financial institutions considered too big to fail and the role of capital controls. It would also have to reconstitute the International Monetary Fund to reflect better the prevailing pecking order among states and to revise its methods of operation.

In addition, a new Bretton Woods would have to reform the currency system. The postwar order, which made the U.S. more equal than others, produced dangerous imbalances. The dollar no longer enjoys the trust and confidence that it once did, yet no other currency can take its place.

Или доколку сметате дека Сорос и соросоидите се испукана тема, еве, имам илустративен пример со доскора невладиниот активист Артен Груби. Ако прочешлате на нет по јавно достапните активности на овој активист ќе видите чудна мешавина на евроатлантизам, НВО-изам, амбасадори, виски, партизам и каменици. Груби работел како преведувач и советник на Меѓународниот Суд во Хаг на случајот Милошевиќ, па малку советничка улога за НАТО, па невладина со ултра освестувачко име „Разбуди Се“ финансирана меѓудругите од американската амбасада во РМ, вработен во амбасадата на кралството Холандија, па главен организатор  на едниот табор и учесник во инцидентот со каменување на скопското кале, па кандидат за пратеник на ДУИ во ИЕ 2 на високото четврто место и како шлаг на торта истиот лани е украсен со титулата  “човек на годината“ на трговска фирма со акцизни стоки лоцирана во ТЦ Мавровка, застапник на брендот виски Џони Шетачот. Уште еднаш, да не заборавиме, раката што дава е инструментот, раката што прима е инструментализирана, илимити во подредена положба. Навистина не сум паметен кој од инструментите да го употребам во случајот на Артен Груби, ко во лабаратаоријата на Тесла да се наоѓам, само наместо електричен набој да го мерам општествениот потенцијал за невладино инструментарно искрење.

На една неформална блог средба токму во првичните денови на протестот „Плоштад Слобода“ го упатив прашањето до мои драги личности и пријатели, се уште ми се драги и ги сметам за пријатели иако ретко се гледаме и дружиме, учесници во тогашниот протестен собир – Зошто не му влепите шампита на Фрчко в лице за да покажете јавно и симболично пред камерите и пред јавноста дека немате врска со партии и партиската инструменатализираност?  Одговорот во оваа прилика нема потреба да го презентирам. Наместо тоа, забележувам дека во тековните протести на видно место се наоѓа паролата – Ние НЕ сме Партија. Секако дека е така. Воопшто не се сомневам. Но затоа во оваа прилика го поставувам прашањето – Зошто на протестите нема парола “Ние не сме Сорос“ или како подваријаната “ Ние не сме Милчин и неговите соросоиди“? Овој пат, шампитата плесната во фаца ја  оставам за медиумскиот мешетар Героски кој со својата мурдоковска острилка и неговиот фамилијарен однос “кај си бе пичка ти материна“ со низа претседатели и премиери оваа јавна шлаг мачканица потполно ја заслужува но никако да ја добие.

Јунаците од филмот “Down by Law” протестираа во затворот. Нашето бегство од затворот запишано во актуелниот филм “Згмечени од Системот“ многу тешко ќе оди. Во буквална смисла тоа е несреќниот случај со Мартин Нешковски , фигуративно и така вистински почувствувано според тоа како ни го сместил системот на повеќето од нас. По ова сценарио, за да се случи бегството од затворот најпрвин треба искрен карактер кој ќе ја раскаже својата вина за кмечење во системскиот затвор “малку мамев, ме фатија и ме бркаа, тој ме гаѓаше со билјард топка, јас го челосав со осмицата и го убив.“ Нели, сите сме невини во системскиот затвор, на сите ни го сместија :) Дури потоа ќе следува патешествитето низ мочуриштето, сцената со ловењето на зајакот, засолништето и закрепнувањето во колибата на девојката. За крај, по филмското сценарио, ќе следува предизвикот на раскрсницата, каде секој од нас ќе тргне по сопствениот пат.

The End

Демрш

март 7th, 2011 Tagged , ,

Фуере, Рикер и сличните, што побргу да си отидат. Ако може и без поздрав

Протоколот во дипломатијата има нагласена улога и е силно оружје. Го користат најчесто моќните бидејќи – можат. Преку протоколот најлесно се демонстрираат сите нијанси на дипломатијата – од нагласено пријателство до крајна нетрпеливост.

Назадоволството на власта од работата на претставникот на ЕУ наиде на остри осуди. А бојкотот на коктелот, одбивањето да се прими во посета…, беа јавна оцена за неговата работа. Само власта е меродавна за тоа. Сите други пофалби и признанија се ирелевантни. Тоа беше и легитимна порака за Брисел, без други импликации.

Истите што се згрозени од заслужениот третман на Фуере, триумфираат што премиерот морал пресот во Вашингтон да го држи на улица. Тоа беше протоколарна демонстрација на сила. Јавно покажаа незадоволство од „тврдоглавоста“ на Груевски, кој ги игнорира нивните обиди да нé прекрстат и да го затворат, засекогаш, „македонското прашање“. Сигурно сериозно му замеруваат и што не ја есапи ниту подготвеноста на опозицијата веднаш да свитка кичма. Тие што тврдат дека во Вашингтон се зборувало за демократијата, медиумите во земјава… не ги разбираат работите. Или имаат други интереси.

Според дипломати, политичари, новинари…, ние треба да се покажуваме пред сé како добри домаќини, без оглед какви се гостите. На таквите како Фуере, Рикер…, кои бескрупулозно ни се мешаат во сé и ни кажуваат што и како да правиме, се разбира, според интересите на тие што ги претставуваат – ние, демек, треба да им оддаваме признанија. Ако навистина бидеме толку сервилни, на што некои инсистираат, и треба да нé газат и плукаат.

Фуере не заслужи наша особена почит. Напротив. Од аспект на нашите интереси, неговиот ефект е во добра мера – негативен. Британец, голем познавач на состојбите во регионот, го оцени како националист за кого Македонците (кон Албанците) биле исти како Британците спрема Ирците. Тоа можеби објаснува некои негови потези.

Неспорен факт е дека Фуере направи повеќе чекори за кои требаше да биде дури и протеран од земјава. Набргу откако дојде, по изборите во 2006 година, јавно побара да коалицираат победниците од македонскиот и албанскиот блок. Тоа беше флагрантно мешање во нашите внатрешни работи и повик за федерализација на државата. Кој со кого ќе коалицира не е, ниту може да биде негова работа, ниту на Брисел. Барем јавно.

Во декември 2009 година, Фуере и неговите од Мисијата, во голем тираж дистрибуираа леток преку дневните весници – „Безвизно патување за граѓаните на Поранешна Југословенска Република Македонија“. Тој нé прекрсти и дома, прекршувајќи го нашиот Устав, во кој е прецизирано и името на државата. Тоа повлекува кривична одговорност. А, според резолуцијата на СБ на ООН, со која ни е наметната референцата, „п“ од „поранешна“ и „ј“ од „југословенска“, се со мали букви, а не големи, што е суштинска разлика. Тоа не важи за Фуере.

Го потпиша и познатото писмо, заедно со Рикер и други слични на нив, во кое македонскиот јазик, со апсолутно прецизна намера, го прекрстија во „државен“. Повторно кршење на Уставот, за што се протерува.

Односот кон Фуере, макар на крајот од мандатот, охрабрува дека сепак се освестуваме. Тоа што премиерот сепак го прими, неверојатно потсетува на слична ситуација во Тирана, во почетокот на 2002 година. Заминуваше шефот на Мисијата на ОБСЕ, нам познатиот амбасадор Герт Аренс. Албанците не беа задоволни од неговата работа и на прошталниот прием не се појави никој важен. Одеднаш, пред самиот крај, еве ти ги и претседателот на државата, и спикерот, и премиерот… Претседателот веднаш отиде до микрофонот и му предаде одликување! По кратката церемонија, веднаш си отидоа. Сите бевме збунети. Утредента сé се разјасни. Амбасадорот на САД извршил жесток притисок да му се оддаде признание на Аренс. Домашните немале избор, ама останале доследни – одликувањето го предале без декрет потпишан од претседателот! Му предале парче метал.

Дека амбасадорите можат да дадат свој печат на политиките потврдува и Рикер. Има силни индикации дека тој, во реализацијата на политиката на САД, одеше чекор напред. Свесен дека никој нема три чисти да му тропне на маса, да го опомене дека не е на родео, тој се силеше. Со јавното пропагирање да си го смениме името си земаше право, кое нема никаква врска со неговата функција. На моменти се однесуваше како наш неизбран гувернер. Тоа што има и поддршка, не ја намалува неговата одговорност.
Вашингтон очигледно ја ценеше неговата одлучност што поскоро да нé дотолчи и го награди со скок во кариерата. На наша сметка. Бидете уверени дека неговото испраќање ќе биде гламурозно, иако сите надлежни мора да се свесни за негативната улога што ја одигра. Тоа само ќе потврди дека самопочитта не ни е силна страна.

Крајно време е да се соочиме со вистината. Некои се самозалажуваат, други пропагираат дека САД се наш стратегиски партнер. За жал, не е така. Тие не се наш, туку ние нивни. Подготвени сме да гинеме за нивните каузи во Авганистан и Ирак и (речиси) ништо не добиваме за возврат. Освен инсистирањето да се прекрстиме. Ако националниот идентитет на македонскиот народ е сериозно загрозен, а САД се главниот поборник да се самообезличиме, во што е нивното партнерство? САД се клучни и за блокадата и уцената која ни ја испорачува НАТО – или ќе се прекрстите, или нема членство. Кога би биле тие против таквиот пристап, нашата позиција би била сосема поинаква. Оваа американска политика е дијаметрално спротивна од таа на Буш.

Зошто им пречиме на САД?

Автор: Ристо Никовски

The End

Либиската нафта

март 1st, 2011 Tagged , , , , , ,

Според американската EIA Енергетска Информативна Агенција потврдените нафтени резерви на Либија изнесуваат 46,4 милијарди барели, најголеми во Африка, и потврдените резерви на природен гас изнесуваат 55 билиони кубни стапки. Дневното производство на сирова нафта плус кондензати во 2010 година изнесувало 1,8 милино барели дневно, што заедно со природниот гас претставува 95% од извозните приходи на Либија.

Геологот и проучувачот на нафтениот врв Жан Лахерер вкупните нафтените резерви на Либија во студијата од 2005та ги лоцира помеѓу 40 милијарди барели и 60 милијарди барели. Кога повеќето генерално конзервативни геолози кои гравитираат околу надградените Хубертови модели на проценка на крајната ицрпливост на нафтата засновани на крајните вкупни нафтени резерви на земјите поединечно, и вкупно за светот, се изјаснуваат дека проценките за либиските резерви од 50-55 милијарди барели нафта потпаѓаат во малку веројатната долна граница, тогаш 60 милијарди барели и кусур повеќе нафта е прилично реална проценка. Колку за споредба, истите геолози отворено се сомневаат во официјалните бројки за нафтените резерви од Саудиска Арабија од 260 милијарди барели како преценети. Со тоа, грубо, во проценките може да говориме за нафтена Либија како 1/4 од Саудиска Арабија, и како нафтен регион кој заради геполитичките состојби низа години имаше ретардирано производство (црпење) на нафта за неолиберни пазарни услови кои владееја во останатите земји и нафтени региони. Сумирано, кај Либија постојат геолошки услови за зголемено производство на нафта, некаде до 2,5-3 милиони барели дневно, и очекуван нафтен врв некаде по 2020 година. Се разбира, сето тоа по разрешување на актуелната криза и со соодветни инвестиции, за кои без сомнение, било каков да биде исходот од кризата, постои јагма од заинтересирани вложувачи.

Вака сумираното открива доста, но никако не ја претставува целата слика. Да доплонам понешто.

Најголемите постоечки нафтени полиња се наоѓаат во источниот дел од земјата, онаму каде изби револтот. Покрај тоа да приложам уште серија слики-графици кои ќе кажат понешто за Либија и за либиската нафта.

Голото гледање на бруто црпените барели нафта дневно откриваат многу помалку отколку барелите нафта кои се слободни за извоз. Нето нафтениот биланс е многу позначаен. На пример, Египет црпи нафта, но токму 2010 година претставува јазичето кое Египет од извозник на нафта, предвидливо за наредните години, вкалкулирано заедно со производствените проекции и потрошувачките проекции за било колкав остварен развој по сегашните неолиберални економски модели, ќе го помести Египет во земја увозник на нафта. Во таа смисла Либија, наспроти Египет или Тунис, во иднината ќе биде значаен светски потенцијален извозник на нафта.

Погледнато во светски рамки Либија е 18 производител на нафта во светот со 1,8 – 1,9 милиони барели дневно, но Либија е десети извозник на нафта во светот со 1,5-1,6 милиони барели дневно. И повторно да нагласам, со изгледи и реални шанси да напредува за неколку места погоре на производната, и особено на извозничката, позиција во светот гладен за мастер ресурсот како нафтата.

Либиската нафта е од класата лесна слатка нафта, најбараната на пазарите. Оваа либска нафта главно заради близината го пронаоѓа патот првенствено до европските потрошувачи, Италија, Шпанија, Германија.  Како најголем корисник на либиската нафта, покрај природниот гас што пристигнува со подводен гасовод, италијанската економија е погонувана со околу 400 илјади барели дневно.

Дополнително, како последно во записот, никако по значајот, по инвестиционото чинење либискта нафта е меѓу поефтините во светот. Проценките според Интернационалната Енергетска Агенција IEA од 2008 година говорат дека оперативните и капиталните трошоци се во редот од 10-15 долари по барел либиска нафта. Споредете ги овие трошоци наспроти маргиналните барели црпени од длабоките води, арктичката нафта, или од битуменските шкрилци, кои генерално се движат северно од 80 долари по барел, и од тоа изведената профитабилност која може да ја очекуваат глобалните корпорации.

The End